Хроника

Мотоциклист тешко повреден во струмичко

Мотоциклист тешко повреден во струмичко

Во 18.00 часот на регионалниот пат Струмица-Куклиш-Банско дошло до судир помеѓу мотоцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот С.С. од Струмица и патничко возило „Хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот П.З. од Струмица.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот С.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.