Вчера во 17,00 часот во Кичево, на улица „11 ти Септември“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мини купер“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(21) од Кичево и скутер „Хамачи“ исто така со кичевски регистарски ознаки управуван од З.А.(42) од Кичево.
Во незгодата З.А се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Медицински центар Кичево и по укажана лекарска помош е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид на местото на настанот.