Вчера во 13.25 часот на крстосница од улица Шишка во Кавадарци, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „БМВ“ со кавадаречки таблици управувано од М.А.(39) од Кавадарци и мотоцикл „Мондијал“ со неготински таблиции управувано од С.А.(23) од село Криволак, неготинско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој по укажаната лекарска помош во ЈЗУ Општа болница – Кавадарци е препратен во комплекс клиники „Мајка Тереза”.