Хроника 15. август 2018. / 11:42

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Мотоциклист бил тешко повреден откако изгубил контрола над моторот што го управувал и излетал од патот, вчера на патот Градско – Прилеп.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 10.30 часот. М.Б. (26) од селото Новаци, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, изгубил контрола и излетал од патот.

По несреќата тој бил пренесен во прилепската болница каде му биле констатирани тешки повреди. Поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.