На булевар Никола Карев во Скопје, вчера во 14.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кимко” со национална ознака на Шведска, управуван од С.Л.(37) од Скопје и возило „мерцедес” со скопски таблици, управувано од А.Х.(51) од Скопје.
Од незгодата со повреди се здобил С.Л. кој бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември” каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е препратен на лекување во Комплекс клинки „Мајка Тереза” во Скопје.