Мотоциклист е тешко повреден откако пред два дена излетал со мотоциклот „Сузуки“ од магистралниот пат Велес-Штип.
-Притоа, мотоциклистот В.Н. (30) се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Велес, а од таму бил препратен во Клинички центар при комплекс клиники „Мајка Tереза“, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.