Четириесет и четиригодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на автопатот Велес-Скопје, во близина на патарината кај Петровец.
Според информациите на полицијата, во несреќата учествувале „пежо 206“ со скопски регистерски таблици управувано од М.П.(53) од Скопје и мотоцикл „дукати панигале“ со скопски регистерски таблици управуван од Љ.К.(44) од Скопје.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош Љ.К. бил пренесен во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди по што бил задржан на понатамошно лекување. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.