Возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.
Вчера во 16.30 часот било пријавено дека во Струга на улицата Боро Калајџиески се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „форд ескорд“ со охридски таблици, управувано од Н.Г.(55) од Струга, и мотоцикл „даелим“ со струшки таблици управуван од А.Б.(41) од Струга.
Возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, по што бил префрлен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда.