Полицаец бил нападнат во скопско Кучевиште додека бил на должност, соопшти полицијата.
Во 00:35 часот синоќа на ул.„Бутелска“ во Скопје, 25-годишниот Д.Г. од село Кучевиште, скопско, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. Полицијата презема мерки за расчистување на настанот, информира МВР.