Хроника 03. февруари 2019. / 16:15

Момче нападнато во автобус во Скопје

Момче нападнато во автобус во Скопје

Младо момче било нападнато од повеќе лица во автобус во Скопје. Како што информираат од МВР, вчера околу 20:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „11-ти Октомври“, во приватен автобус бр.22, 18-годишниот А.М. од село Волково, скопско, физички бил нападнат од повеќе лица.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.