Хроника 19. октомври 2018. / 18:42

Момче нападнато додека слегувало од автобус во Скопје

Момче нападнато додека слегувало од автобус во Скопје

Вчера во 21.08 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје К.Н. пријавила дека на булеварот Кочо Рацин на автобуска станица во правец кон Центар, Д.Н.(19) од Скопје додека се симнувал од автобус бил физички нападнат од страна на две непознати лица кои со себе носеле и нож.

Д.Н. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.