Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на крстосницата од улица „Марксова“ и улица „Самоилова“ во Прилеп.
Патничко моторно возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.А.(36) од Прилеп се судрило со моторцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, управуван од А.Д. (24) од Прилеп.
Во незгодата А.Д. се здобил со тешки телесни повреди по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп.
Извршен е увид на местото на настанот.