Хроника 06. јуни 2019. / 15:54

Младо момче претепано во продавница во Скопје

Младо момче претепано во продавница во Скопје

На 05.06.2019 година во СВР Скопје, С.С.П.(26) од село Стајковци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 15:15 часот во продавница на улица „Париска комуна“ во Скопје, П.Ј.(65) од Скопје физички го нападнал Б.И.(27) од село Сингелиќ, скопско.

По преземени мерки П.Ј. бил приведен во полициската станица Гази Баба и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.