Хроника 08. јуни 2018. / 12:04

Младо момче од Куманово со тешки повреди е однесено во болница

Младо момче од Куманово со тешки повреди е однесено во болница

Во Секторот за внатрешни работи Куманово, вчера во 18 часот од Општа болница Куманово пријавиле дека на Одделението за хирургија за укажување лекарска помош бил донесен повреден 20-годишниот Н.С. од Куманово.

Тој се здобил со повреда на работното место во фабриката „Квалитет Пром“ лоцирана на автопатот Скопје-Куманово. Од страна на дежурниот лекар била констатирана тешка телесна повреда на раката.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.