Хроника 05. јули 2018. / 12:41

Младо момче нападнато во Скопје – со расекотина итно пренесен во болница

Младо момче нападнато во Скопје – со расекотина итно пренесен во болница

Во вторникот околу 19 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје, 22- годишниот Ф.Ќ од Скопје пријавил напад.

Имено истиот ден околу 18 часот и 30 минути на улица „Никола Киров- Мајски“ физички бил нападнат од страна на 58- годишниот Г.Ѓ од Скопје, при што со тврд предмет му нанел расекотина на грбот. Ф.Ќ. со возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот