Хроника 03. јуни 2018. / 20:18

Младо момче го спржи струја

Младо момче го спржи струја

Во 22,20 часот било пријавено дека на Железничката станица Гевгелија лицето Т.Х.А.Б. од Ирак, на возраст од 29 години кој бил качен на вагон од товарен воз се здобил со струен удар.

Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница Гевгелија каде му биле констатирани изгореници од втор и трет степен, а подоцна бил префрлен комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Лицето илегално ја преминало грчко-македонската граница.