Хроника 27. август 2018. / 13:46

Младо момче доживеало шок во скопско: Насилник го ранил и заминал на свадба

Младо момче доживеало шок во скопско: Насилник го ранил и заминал на свадба

Во 16,56 часот вработен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавил дека е донесен 20-годишниот Е.И. од село Визбегово, скопско со повреди од пиштол.

Имено, околу 15,00 часот, додека Е.И. се движел пеш по улица „Индира Ганди“, наишла колона возила со луѓе што оделе на свадбена веселба. Притоа, едно од возилата застанало во близина на Е.И., од него излегло непознато лице и од пиштол испукало еден куршум кој го погодил Е.И. во десната нога.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.