Хроника 06. јуни 2018. / 11:00

Млади момчиња се степаа на автобуска во Сингелиќ

Млади момчиња се степаа на автобуска во Сингелиќ

Група на млади, вчера, доцна попладне била нападната на автобуската станица во Сингелиќ откако на прашањето „Што си ти, Албанец или Македонец“, одговориле искрено.

Група момчиња вчера била нападната од поголема група насилници на автобуската станица во Сингелиќ додека го чекале автобусот со број „65“ да пристигне на станицата за да се вратат дома по одиграниот кошаркарски натпревар.

До тепачката дошло откако еден од насилниците, запрашал едно од момчињата што е по националност. Откако момчето одговорило дека е Македонец, насилниците го нападнале по што настанала општа тепачка.

Дел од момчињата кои чекале автобус се јавиле на своите пријатели и родители. Истото го направиле и групата насилници, по што ситуацијата земала полош тек.

Тензијата траела речиси цел час пред да пристигне полицијата, која потоа вршела увид и разговарала со вмешаните во тепачката.

Подетални информации се уште нема.