Хроника 23. август 2018. / 14:11

Млади момчиња претепани во позната скопска дискотека

Инцидент во позната скопска дискотека. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, лицата М.Н.(20) и М.С.(19), двајцата од Скопје, пријавиле дека истиот ден околу околу 02.15 часот во дискотека во Градски парк физички биле нападнати од лицата С.Ј. и А.Н.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.