Во текот на вчерашниот ден две лица едно на возраст од 22 години и другото на возраст од 16 години се лишени од слобода, затоа што, како што соопти полицијата истиот ден околу 07:30 часот влегле во куќа на улицата „Вера Циривири“ во Велес и од 68-годишната сопственичка со закана одзеле кесе во кое имало над 70.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.
По преземени мерки од страна на полициски службеници лишени од слобода се двајцата сторители, при што кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетената, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.