Седум млади битолчани заработија кривична пријава поради сомнеж дека сториле неколку тешки кражби.
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.С.(29), П.И.(22), К.А.(23), А.Р.(29), П.Д.(26), Н.Г.(28) и А.Ј.(22), сите од Битола. Групата е осомничена за седум тешки кражби.
Тие од 23 ноември лани се до 4 април годинава на подрачје на Битола, во седум колонијални продавници, насилно влегувале и краделе видови на предмети, оштетувајќи ги продавниците за 653.807 денари.