На 18.11.2018 година околу 01:15 часот на улица „Смилевски Конгрес“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило “Мерцедес” со битолски регистарски ознаки, управувано од И.К.(27) од Битола и патничко моторно возило “Пежо партнер” исто така со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(28) од Битола.
Во оваа несреќа бил повреден пешакот З.Ј.(60) од Битола.
По незгодата З.Ј. е пренесена во Клиничка болница Битола каде од страна на доктор и биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен увид на местото на настанот.