Во полициската станица Кочани, вчера во 20:30, 20-годишна девојка од Кочани пријавила дека во периодот од ноември лани до моментот на пријавување, од страна на 46-годишниот М.Л. од Кочани во неколку наврати, со сериозна закана дека за неа јавно ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, била присилувана да имаат сексуални односи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.