Хроника 04. јануари 2019. / 18:38

Млад скопјанец нападнал полицаец

Млад скопјанец нападнал полицаец

Деветнаесетгодишно момче вчера нападнало полицаец, кој постапувал по пријава од граѓанин.

-На 03.01.2018 година околу 13,50 часот на улица “Ваташа” во Скопје Н.Ѓ. (19) нападнал полициски службеник, кој постапувал по пријава од граѓани. Н.Ѓ. е лишен од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.