По одлуката на Кривичен што ја потврди и Апелација попладнево од истражниот затвор Шутка излезе поранешниот директор на бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, осомничен за настаните од 27 април. Чавков излезе по гаранцијата што ја достави до судот од 600 000 евра во која е вклучено земјиште и неколку станови. Пред затворот го пречека неговата ќерка Зорица.
Митко Чавков излезе од притворот во Шутка
