Министерот за здравство Венко Филипче, по посетата на Ургентен центар, истакна дека новогодишната ноќ минала мирно, со десетина приеми на Ургентен и десетина на Токсикологија.
Мирна ноќ за дежурните екипи, споредено со претходните години, информира Филипче.
Тој не кажа конкретни бројки, но рече дека имало десетина прегледи и приеми во Ургентниот центар, и десетина на Клиниката за токсикологија.
Навистина се почитувале мерките, да нема прослави да нема групирање, и тоа е заслуга на граѓаните, рече Филипче.