Пожарот во зградата во Министерството за правда најверојатно бил предизвикан од човечки фактор. Големи се шансите пожарот за избувнал поради нечие невнимание, неизгасната цигара или решо објави БИРН.
Сѐ било во ред со струјната инсталација во зградата на Министерството за правда, кога пред десетина дена се запали четвртиот од петте ката на објектот лоциран во центарот на Скопје.