Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека пратеник бил присутен кога се случил немилиот настан на синоќешната свадба во Мала Речица.
–Синоќа за жал имаме двајца повредени на семејна веселба. Знам дека присуствувал и еден пратеник на таа семејна веселба, но сите факти и аргументи од увидот што се вршеше ноќеска ќе бидат систематизирани и врз основа на тоа ќе биде дадено до Јавното обвинителство, со цел да се расчисти случајот – изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со инцидентот.
Инаку, едниот од повредените две лица е син на пратеникот од ДУИ, Џевад Адеми.