Водителот Миленко Неделковски не се чувствува виновен за коментарите кои ги пишувал на Фејсбук поврзани со трагичниот пожар што се случи минатата година во областа Атика во Грција, кога загинаа стотина луѓе.
Ова Неделковски го изјави на денешното рочиште во Кривичниот суд на кое му се суди за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.
На рочиштето јавниот обвинител Александар Марковски ја изнесе содржината на обвинителниот предлог и ги изведе писмените материјални докази, а еден од нив е видео материјал кој ќе се емитува на следното рочиште, кога во судницата ќе биде обезбедена соодветна техничка можност за тоа.
Адвокатите на Неделковски побара од следното рочиште расправат да се снима аудио и визуелно.
По завршувањето на рочиштето водителот Неделковски дрско ги избегна новинарите.
Статусот кој Миленко го објави во јули минатата година според обвинителството во јавноста промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност во случајов Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар.
За овој случај на Неделковски му се заканува казна затвор од една до пет години. Следното рочиште за овој предмет е закажано за 22 февруари.