Хроника 22. октомври 2018. / 23:00

Миленко доби кривична поради коментар на „Фејсбук“ за Заев

Миленко доби кривична поради коментар на „Фејсбук“ за Заев

Министерството за внатрешни работи соопшти дека поднесува кривична пријава против новинарот Миленко Неделковски поради објава на „Фејсбук“ со која се предизвикува загрозување на сигурноста на претседателот на Владата, Зоран Заев, и ширење  расистички и ксенофобичен материјал.

Министерството соопшти дека на Неделковски му доставиле покана за службен разговор, а по издадена наредба извршен бил претрес на домот и други простории, при што биле пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата.