Хроника 26. февруари 2021. / 18:05

Мијалков попладнево е спроведен во Шутка

Мијалков попладнево е спроведен во Шутка

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков попладнево е спроведен во затворот во Шутка и почнува да го издржува притворот.

Судот го прифати предлогот на Обвинителството да му се одреди притвор на Мијалков, обвинет во „Таргет Тврдина“ кој денеска доби пресуда за затвор во траење од 12 години.

Претходно, Мијалков имаше мерка куќен притвор, а кога требаше да му биде врачена одлуката за затворскиот притвор , полицијата не го најде дома, по што имаше дводневна потрага по екс шефот на УБК.