Хроника 08. јули 2019. / 11:59

Мијалков до светокот: Мислиш дека уживав да се слушам самиот себе?

Мијалков до светокот: Мислиш дека уживав да се слушам самиот себе?

За случајот „Таргет-Тврдина“ денеска во Кривичен суд продолжи сведочењето на актуелниот помошник-директор на Петтата управа во МВР, Сашо Трајковски.

Тој и обвинетиот Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, се соочија во судница, односно сведокот одговараше на вкрстени прашања на Мијалков.

Мијалков го праша сведокот како знаел под кој пасвор кој таргет се прислушува, односно праша како знаел дека под „Лијаве“ е прислушуван Велија Рамковски?, пренесе Фокус.

Сведокот одговори дека при технички проблем на системот го отворил токму аудиото на кое течел разговор на Рамковски.

– По појава на дефект интервенирав со рестартување на серверот и потоа на веќе отворен софтвер кликнав на таргетот „Лијаве“. Почна аудио, и тогаш од другата страна соговорникот рече: „Добро утро Рамковски“’. – рече сведокот.

Мијалков, незадоволен од одговорот му возврати како можел од 20.000 разговори да налета баш на Рамковски.

Обвинителот Артан Ајро од место низ смеење дофрли дека добил бинго.

Сведокот дополни дека псевдонимите на нелегално прислушуваните биле комбинација на слогови од името.

Мијалков го праша сведокот зошто при вакви проблеми во системот, не ги употребувал беоевите наменети за тестирање?

Сведокот Трајковски рече дека така немало да открие дека нелегално се прислушува. Тогаш Мијалков го праша зошто не пријавил кога дознал дека нелегално се прислушува?

Сведокот пак рече дека не се осмелил да пријави кај него. Тој појасни дека нелагалните таргети кои биле ставени под важно, оделе во компјутерот во неговата канцеларија.

– Затоа не се осмелив да пријавам кај јас. – рече сведокот Трајковски.

Мијалков продолжи со прашањата па рече: „Велите дека и од канцеларијата на директорот се слушале таргетите. Па дали сметате дека сум уживал да се слушам самиот себе и да не ги отстранам другите таргети кои комуницирале со мене?“, праша Мијалков, но судот не го дозволи прашањето.