Хроника 13. јануари 2021. / 13:56

Медицинска сестра од ГОБ „8- ми септември“ почина од Ковид-19

Медицинска сестра од ГОБ „8- ми септември“ почина од Ковид-19

Здружението на мед ицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри соопшти дека медицинската сестра Нашиде Емини (1961-2021) која долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје починала од коронавирусот.

-Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа. Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски, стои во објавата на Фејсбук.