Хроника 30. октомври 2018. / 21:41

Мечка ги вознемирува луѓето од село Колари, Кичевско

Мечка ги вознемирува луѓето од село Колари, Кичевско

Жителите од селото Колари, Кичевско мака мачат, последните денови со една голема мечка која се доближи до куќите и му се заканува особено на добитокот од оваа село.

Според тоа што ни јавија жители на оваа село, мечката барала храна во околината на селото и многу е агресивна.

Луѓето се попречени да ги користат пасиштата во близина на самата шума до селото , тие исто така се плашат да заминат на сечењер дрва за зимскиот период.

Сега за сега не се знае дали е нанесена штета на некое од бачилата во близината на селото , особено оние кои се во самата шума до селото.