И покрај информациите од повеќе медиуми дека ноќеска било извлечено безживтоно тело од Вардар , мажот е жив , благодарение на помошта од противпожарната екипа .
Од Противпожарната единица и полицијата информираат дека мажот е жив и извлечен од водите на Вардар кај камениот мост ноќеска околу полноќ Станува збор за еден од групата рибари , кој застанал на платото под мостот за да лови риба. Но , реката надошла и рибарот го фатило паника , по што другите од групата повикале помош .
Противпожарната екипа пристигнала на местото и со јажиња го извлекле човекот од надојдениот Вардар, потврдуваат за Канал 5 од Противпожарната служба на град Скопје.