Во текот на вчерашниот ден во полиција било пријавено дека во селото Кучевиште две малолетнички биле допирани по телото од страна на истиот маж.
Вчера вечер околу 19 часот и 10 минути во Полициското одделение Мирковци, 35-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 11 часот и 45 минути во селото Кучевиште нејзината малолетна ќерка била допирана по телото од Д.П. од село Кучевиште.
Истиот ден околу 20 часот и 10 минути, 41-годишен маж од скопско село пријавил дека околу 11.15 часот во село Кучевиште неговата малолетна ќерка била допирана по телото од Д.П. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.