Хроника 04. септември 2018. / 11:22

Маж тешко повреден во фабрика во Виница

Во 16.00 часот во кругот на фабрика за производство на ќерамиди во Виница, при кипање на глина со влекач со полуприколка, со тешки телесни повреди се здобил 74-годишниот М.П. од Берово.

Тој бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Виница.