Хроника 07. декември 2018. / 12:01

Маж тешко повреден во Битола – осветлувал сала на Универзитетот и паднал

Маж тешко повреден во Битола – осветлувал сала на Универзитетот и паднал

Околу 12,30 часот пријавено е дека на улица „Студенска“ во Битола додека 55-годишниот Д.П. од Прилеп поставувал осветлување во сала на објектот на Универзитетот, паднал и се здобил со повреди.

На Д.П. му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.