Хроника 22. септември 2020. / 11:11

Маж пронајден удавен во базен

Маж пронајден удавен во базен

Во базен во круг на фабрика на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп бил пронајден удавен Г.М.(56) од с.Беровци, кој бил ангажиран како чувар на објектот.

Лицето било пронајдено вчера попладне, по што случајот бил пријавен во полиција.

Од противпожарна екипа од Прилеп телото било извлечено, а од доктор од итна медицинска помош Прилеп извршен е преглед и констатирана е смрт без траги на насилство, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициска станица Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.