Хроника 21. јуни 2018. / 15:51

Маж прегазиле во близина на автобуска станица во Кочани

Маж прегазиле во близина на автобуска станица во Кочани

Во кругот на автобуската станица Кочани, вчера околу 08:30 часот, автобус „Ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Берово-Транс“, управуван од 50-годишниот К.М. од Берово, удрил во 62-годишниот С.А. од Кочани.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа Кочани бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.