Хроника 25. февруари 2021. / 13:49

Маж починал од пад од карпа

Маж починал од пад од карпа
Во Полициската станица Кавадарци, М.Џ.(71) од Скопје вчера попладне пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Џ.(75), паднал од карпа кај село Кошани, на место викано „Дол“, по што починал, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Увид   извршиле   јавен   обвинител   и   увидна   екипа   од   ОВР Кавадарци, а по наредба на  обвинителот,  телото на починатиот било предадено на семејството.