Хроника 03. јуни 2019. / 16:15

Маж почина од удар на гром во Љуботен

Маж почина од удар на гром во Љуботен

Во СВР Скопје вчера во 22:05 часот било пријавено дека во селото Љуботен околу 21:20 часот, Ф.Б.(38) го пронашол починатото лице М.Д. (24) од Албанија, кој најверојатно починал од удар на гром.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.