Хроника 15. април 2020. / 14:50

Маж од Косово пронајден мртов на бензинска во Скопје

Маж од Косово пронајден мртов на бензинска во Скопје

На 14.04.2020 во 15:55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Јадранска магистрала“ бил пронајден починат Б.Р.(56) од Р.Косово.

Полициски службеници од Полициска станица Чаир излегле на местото на настанот, а од лекар на Итна медицинска помош била констатирана смрт, без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.