Маж доживеал несреќа вчера во Куманово, откако удрил во две возила, бетонски столб и пешак.
Вчера утрината во 07:00 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Тоде Думба“ патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од 74-годишниот Н.Ѓ. од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано патничко моторно возило „Сеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на 37-годишниот Б.К. и во 71-годишниот пешак Т.А. од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.