Хроника 10. јули 2018. / 22:19

Маж е пронајден мртов во паркиран автомобил на реката Сатеска

Маж е пронајден мртов во паркиран автомобил на реката Сатеска

Маж на возраст од 61 година пронајден е мртов во паркиран автомобил блиску до реката „Сатеска“, дознава „Охрид1“ од свои извори во СВР Охрид.

Според истрагата лицето починало како последица на употреба на средства за стимулација.

Смртта настапила одредено време пред да го пронајде полицијата и лицето било пронајдено само.