Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 20-годишниот Б.Б., 21-годишниот С.Д. и 19-годишниот Ј.Љ., сите од Скопје за сторено кривично дело „Насилство“.
На 29.06.2018 година околу 17,30 часот во Скопје на автобуска постојка на булевар „Александар Македонски“ пријавените физички го нападнале Н.С., по што бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје.
По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот биле лишени од слобода.