Хроника 20. ноември 2020. / 17:42

Масовна тепачка во авто-пералница во тетовско

Масовна тепачка во авто-пералница во тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Н.(18), С.Е.(19) и Д.А.(19), сите од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 14.09.2020, додека М.Ф. извршувал работни задачи во авто-пералница во с.Пршовце, дошле Ф.Х. и В.Е., двајцата од с.Пршовце, а за кратко време и пријавените. Помеѓу пријавените, од една страна, и Ф.Х. и В.Е., настанала меѓусебна расправија, која преминала во физичка пресметка, по што Ф.Х. и В.Е. побегнале.

Тогаш, пријавените физички го нападнале М.Ф., при што употребиле и метален предмет, а Д.А. физички го нападнал и А.С., кој заедно со Ф.Е., двајцата од с.Пршовце, се обиделе да ги раздвојат.