Полицијата ќе поднесе соодветна пријава против малолетник од гостиварското село Речане во чиј автомобил пронашла пиштол од марката „Бруни92“.
Како што соопшти полицијата, малолетникот кој возел „фолксваген голф“ вчера вечерта бил сопрен од сообраќајната полиција на регионалниот пат Гостивар – с. Вруток и при преглед на возилото е откриен пиштолот.
– На 07.03.2020 во 22.50 часот на регионалниот пат Гостивар-с.Вруток, полициски службеници од Полициската станица Гостивар од слобода лишиле 16-годишен малолетник од с.Речане, гостиварско, поради тоа што при преглед во возилото „фолксваген голф“, што го управувал, бил пронајден пиштол „Бруни 92“ и два куршуми со калибар 7,62 мм, соопштуваат од полицијата.