Хроника 26. декември 2018. / 14:25

Малолетник дома чувал цел арсенал оружје

Малолетник дома чувал цел арсенал оружје
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Гостивар поднесе кривична пријава против 16 годишно момче од село Сенце, Маврово и Ростуша за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување или распрскувачки материи“, соопштија од полицијата.

Од МВР додаваат дека на 7 декември во село Сенце, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени пушка марка „Црвена застава“, расклопена пушка од руско производство, расклопена пушка од чешко производство и расклопена пушка непозната марка и фабрички број.