На локалниот пат населба Илинден-село Трубарево, вчера во 5 часот патничко возило „Сеат Кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишниот И.Ј. од село Трубарево, скопско, излеталo од коловозот и удрилo во дрвја.
Возачот и сопатниците Б.Д.(17) и К.Т. (19), двајцата од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.
На сите им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.